Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција во изминатите неколку недели била мета на руски хибридни напади.

Макрон, на прес-конференција по состанокот со лидерите на политичките партии застапени во парламентот, рече дека смета оти „природата на руската агресија се менува“.

Како примери за промената на природата на заканата што доаѓа од Кремљ, Макрон ги наведе нападите врз железничката линија Полска-Украина, навлегувањето на дронови во воздушниот простор на соседните земји, како и обидот за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг.

Макрон најави европски „план за заштита“ од дронови и посочи дека побарал од претставниците на државата во департманите да ја зголемат будноста.

Би можело да ве интересира

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

Детали за авионската несреќа на Алпите: Загина познат бизнисмен

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Шведскиот премиер поднесе оставка

(ВИДЕО) Загина руски генерал кој пред 20 дена доби титула „Херој на Русија“

А1он