ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Од:

Фаќањето на дело на заменик-директор во Царинската управа со обележани 17.500 евра не може да заврши само со апсење на еден функционер, се вели во соопштението од ДУИ.

– Обвинителството потврди дека парите, наводно, биле побарани за користење влијание во две постапки пред Царинската управа. Токму тука започнува главното прашање: во чие име и за чиј интерес било користено влијанието? Еден заменик-директор не носи одлуки сам, во вакуум. Тој е политички именуван, има политичка хиерархија и луѓе кои го предложиле, поддржале и поставиле на таа функција. Затоа истрагата мора да оди подалеку од лицето кое ги имало 17.500 евра во раце.

Мора да се истражи улогата и секоја евентуална поврзаност на Мустафа Даути, Билал Касами и Изет Меџити со неговото именување, со постапките за кои бил побаран поткуп и со интересите што стојат зад нив. Ако овие пари не биле само за него, тогаш граѓаните треба да знаат: за кого ги земал? Кому требало да му ги предаде? Кој стоел над него? Кој требало да има корист од влијанието врз овие постапки? Касами и Меџити не можат да го затворат овој случај со политичко дистанцирање откако човек од нивниот систем е фатен со обележани пари.

17.500 евра се само врвот на случајот. Сега мора да се открие целиот синџир. ДУИ бара од Обвинителството истрагата да не запре кај раката што ги зела парите, туку да стигне до секое политичко или институционално лице за кое постојат докази дека наредувало, посредувало или имало корист. 17.500 евра беа фатени во раце. Сега мора да се открие за кого биле, тврдат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски