Во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје.
– Според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на с.Арачиново откако од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба со друго лице, со огнено оружје пукало кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
