Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денес непалските власти.
Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето на кинеската страна од границата во Тибет се искачи на 16, а 546 лица се уште се водат како исчезнати, објави ABC.
Околу 70 Американци се водат како исчезнати во лизгањата на земјиштето и поплавите што го погодија граничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, додека досега се спасени 17 Американци, соопшти претходно американскиот Стејт департмент.
