Нови руски удари врз Украина: Загинати и повредени во Дњепропетровската област

Од:

Во напад врз индустриски објект во украинската Дњепропетровска област, на југот на земјата, загинаa четири лица, а пет се повредени, изјави началникот на локалната воена управа, Олександар Ганжа.

Во одвоен напад врз Никополскиот округ, исто така во Дњепропетровската област, е повреден еден маж, а оштетени се повеќе објекти. Нападите се случуваат и покрај вчерашната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој најави дека Украина ќе ги прекине воздушните напади за време на посетата на американските пратеници и ја повика Москва да го стори истото.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека ги испраќа своите пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во Москва и Киев со предлог за завршување на војната. Американските претставници денеска пристигнаа во Москва, во рамки на новите дипломатски напори за обновување на мировните преговори.

Во меѓувреме, конфликтот меѓу Русија и Украина продолжува да се интензивира, додека силите на двете страни се соочуваат со тешкотии во напредувањето долж линијата на фронтот долга околу 1.250 километри.

И покрај дипломатските напори за привремено намалување на воздушните напади, во Украина и натаму се регистрираат руски воздушни удари, додека украинските сили продолжуваат со напади врз цели во Русија.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Рускиот дизел утре тргнува за Америка