ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

Од:

Уште еден скандал излегува на површина под власта на „Вреди“: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата. Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува збор за втор или трет братучед, се вели во соопштението од ДУИ.

– Станува збор за сериозен тендер: одржување на безбедносните системи, лиценци за 300 е-поштенски сандачиња, мониторинг на 300 компјутери или сервери, firewall од нова генерација и други ИТ-услуги. Максималната вредност на договорот достигнува 2,59 милиони денари, односно околу 42 илјади евра. Директорот тврди дека тендерот е законски бидејќи не бил дел од комисијата за избор. Но, тоа не одговара на клучното прашање: дали е соодветно проверен и третиран можниот судир на интереси кога добитник на тендерот е братучед на директорот?

ДУИ бара итни одговори од Државната комисија за спречување на корупцијата, Бирото за јавни набавки и надлежните институции. Да се провери целата постапка, понудите, критериумите, учесниците и секоја околност која можела да влијае врз изборот на компанијата. „Вреди“ не може постојано да се крие зад изјавата „сè е законски“. Законитоста треба да се докаже, а не само да се прогласува. Кога јавен тендер завршува кај роднина на раководителот на институцијата, јавноста има право да бара одговори. Јавните пари не се приватна сопственост, а државните тендери не смеат да се претвораат во механизам за фаворизирање на роднини. Ако сè е чисто, нека се објават документите и нека се докаже тоа пред граѓаните. ДУИ бара целосна транспарентност и конкретен одговор: има или нема судир на интереси во тендерот на „Бардовци“, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик