Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Од:

Левица обвинува дека државата со години троши милиони евра за авионско и терестичко прскање против комарци, без јавноста да има увид во мерливи резултати од спроведените третмани.

Од партијата велат дека само договорите за Скопје во периодот 2020–2021 година биле вредни околу 1,1 милион евра, додека за 2022–2023 година биле склучени договори во вредност од над еден милион евра. Годинашната набавка, според Левица, повторно се приближува до 600 илјади евра.

„Тоа се околу 2,75 милиони евра само во овие три јавно документирани циклуси, без останатите години и без договорите на општините“, велат од партијата.

Од Левица посочуваат дека низ годините се повторуваат истите фирми и изведувачи, меѓу кои „Приматекс Бранка“ и „Аероклуб Скопје“, и прашуваат каде се податоците што покажуваат дали третманите навистина ја намалиле бројноста на комарците.

Според партијата, Министерството потврдило дека Институтот за јавно здравје, во соработка со центрите за јавно здравје, ја следи ефикасноста на третманите и ја утврдува соодветноста на средствата. Елаборатите, како што наведуваат, треба да содржат теренски податоци, мониторинг од претходните акции, испитување на успешноста и податоци за бројноста и локалитетите на векторите.

„Ако вакви мерења постојат, нека ги објави сите, а доколку не постојат, нека објасни како со години се потпишувале елаборати, примале услуги и се трошеле милионски суми без доказ дека законски предвидената контрола на ефектот воопшто била направена“, велат од Левица.

Оттаму го отвораат и прашањето за оправданоста на авионското прскање, откако министерот за здравство Азир Алиу, зборувајќи за вонредниот третман во Драчево, изјави дека прскањето од земја е поефикасно од авионското.

Левица прашува врз основа на каква компаративна анализа со години се издвојуваат стотици илјади евра за авионско прскање и каде е пресметката на односот меѓу цената и ефектот.

Од партијата бараат да се објават податоци за GPS-трасите на летовите, реално третираните површини, дозата на препарат по хектар, калибрацијата на распрскувачите, големината на капките и метеоролошките услови при третманите, како и споредба меѓу авионски и терестички третирани подрачја.

Левица бара воспоставување национален протокол за контрола на ефикасноста на дезинсекцијата. Според нивниот предлог, пред и по секој третман треба да се мери бројноста на комарците на исти контролни точки, а резултатите по општина, локалитет, препарат и метод да бидат јавно достапни.

Партијата бара и редовно тестирање на чувствителноста на комарците на употребуваните активни материи, како и однапред утврден минимален праг на ефикасност под кој третманот би се сметал за неуспешен.

„Државата со години совршено знае колку чини прскањето, а не покажува колку вреди. Милиони евра, исти изведувачи, активни материи и ист ритуал секое лето не се доказ за функционална превенција“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот