Нов напад врз Запорожје: Загина маж, неколкумина се повредени

Од:

Едно лице е убиено, а шест се повредени во рускиот напад врз Запорожје, изјави денес началникот на Запорожјето, Иван Федоров.

„Како резултат на уште еден руски напад врз Запорожје, едно лице е убиено, а шест се повредени. Зградите во градот се оштетени, а избувнал и пожар“, рече Федоров во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Според Федоров, руски беспилотни летала го погодиле регионалниот центар, а оштетени се и станбени и нестанбени згради.

Во претходниот напад врз Запорожје во вторник, две лица ги загубија животите.

Во нападот со руски беспилотни летала загинаа 43-годишен маж и 41-годишна жена, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Кој е Украинецот уапсен во Пула поради сомнеж дека е поврзан со саботажата на Северен тек?

Кулеба: Америка веќе нема желба да ја спонзорира Украина

Москва обвинува: Зеленски создава „пантеон“ на украински националисти и соработници

Украина ја пречекува есента со недоволни резерви на гас

Пристигна руската одмазда – масакр во Харковската област

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да испорачуваме опрема