(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Од:

Израелски воени авиони испалиле пет ракети кон главната писта на воениот аеродром Абу ал-Духур во источниот дел од сириската покраина Идлиб, предизвикувајќи голема материјална штета, но без повредени, изјави денес сириски воен извор.

Изворот додаде дека извидувачките авиони летале над областа со часови пред воздушните напади.

Сириските државни медиуми објавија дека базата била погодена од осум воздушни напади утрово, предизвикувајќи материјална штета, но без жртви.

Израел ги изврши нападите откако турските сили доставиле „логистичка и воена опрема, вклучувајќи радари и беспилотни летала“ во базата.

Ова беше првиот напад врз воздухопловната база по падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември 2024 година.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

ВИДЕО: Експлозија на гасовод кај Дамаск

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“