Руските сили извршија ракетен напад врз селото Печенихи во Харковската област.
Во нападот загинаа најмалку 10 лица, изјави началникот на Воената администрација на Харковската област, Олег Синегубов.
Уште осум лица се повредени и добиваат потребна медицинска помош.
Во нападот оштетени се 10 приватни куќи, кафуле, пошта, продавница и најмалку седум автомобили. Русите го нападнаа и Изјум, исто така во Харковската област. Во нападот беа повредени пет лица, меѓу кои и деветгодишно дете.
Украина претходно започна напад врз Москва и Московската област. Не е познато дали имало жртви во тој напад.
