Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Од:

СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места. Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата.

„Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки“, рече Борозан.

Таа додаде дека Гостивар не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна, а секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е загадена и повика власта да направи анализа на водата во цела држава.

„Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини кад
е што водата е затруена.Цела држава е отруена.Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат“, рече Борозан.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски