Русија ќе одговори со иста мерка на обидите на западните земји да запленат руски трговски бродови, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на прегледот на последната фаза од воените вежби на Тихоокеанската флота.
„Ќе бидеме принудени да одговориме со иста мерка. И не мора во областите каде што е планирано да бидат распоредени нашите бродови“, рече Путин.
Рускиот претседател додаде дека Москва може да преземе соодветни мерки „било каде“, вклучително и во зоната на одговорност на Тихоокеанската флота, доколку смета дека е потребно и целисходно.
Според него, Москва забележува обиди на властите на одредени земји да го ограничат слободното движење на руските бродови.
Путин оцени дека ваквите дејствија претставуваат кршење на меѓународното поморско право, нарекувајќи ги „бандитизам и пиратство“.
