Грлиќ Радман: Формирањето хрватска изборна единица не значи дека БиХ ќе се распадне

Од:

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман порача дека Хрватска нема да се откаже од заложбите Хрватите во Босна и Херцеговина да остварат рамноправност.

Грлиќ Радман, на маргините на музичко-хуманитарната манифестација „Блатнички ноти на добрината“, во близина на Мостар, рече дека предлогот за хрватска изборна единица, кој се наоѓа во документот за зајакнување на политичката положба на Хрватите во БиХ, неодамна усвоен во Хрватскиот сабор, не претставува закана за БиХ.

„Секое споменување на хрватска изборна единица не треба да се доживува како нешто неприфатливо што евентуално би довело до распад на Босна и Херцеговина“, рече тој.

Грлиќ Радман додаде дека Дејтонскиот договор е инструмент за обезбедување рамноправност на трите конститутивни народи.

Тој ја искористи можноста и да го критикува кандидатот за член на Претседателството на БиХ на претстојните избори, Славен Ковачевиќ.

„Господинот Ковачевиќ ги промовира унитаристичките цели на политичката партија на Жељко Комшиќ, преструктуирање на уставната рамка на БиХ и елиминирање на принципот на конститутивни народи, со што се загрозува мирот во БиХ“, рече Грлиќ Радман.

Тој најави дека Загреб ќе ги продолжи разговорите со меѓународните партнери за положбата на Хрватите и за потребните промени на уставната и изборната рамка на БиХ.

„И понатаму со претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави ќе разговараме за потребата од ограничени уставни промени, а секако и за измени на Изборниот закон, со цел Хрватите во Босна и Херцеговина да ги остварат своите права. Бидете уверени дека нема да се откажеме“, заклучи Грлиќ Радман.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Ќерката на шефицата на кабинетот на Белата куќа фотографирана со пушка во Република Српска

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Шмит предупредува: „Следната година нè очекуваат обиди на Додик за поделба на БиХ, бараме алатки за реакција“

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ