Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Од:

Александар Вучиќ, носител на листата на СНС „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, е прв фаворит за нов премиер на Србија по вонредните парламентарни избори на 25 октомври, покажуваат најновите квоти објавени од кладилниците.

Според квотите, за уплата од 1.000 динари дека Александар Вучиќ ќе биде премиер се добиваат 1.200 динари, односно само 200 динари профит.

Втор фаворит за премиер според домашните обложувалници е Илија Срдановиќ, првиот кандидат на Студентската листа, кој има повеќе од трипати поголема квота од Вучиќ.

На третото место е Ивица Дачиќ, претседател на Социјалистичката партија на Србија, за кого домашните  обложувалници даваат квота 10 дека ќе биде нов премиер. Според оваа квота, на уплата од 1.000 динари за Дачиќ се добиваат 10.000 динари.

Интересно е што на четвртото и петтото место меѓу фаворитите според домашните обложувалници се високи функционери на СНС – Синиша Мали со квота 15 и Ана Брнабиќ со квота 20.

По нив следува Владaн Ѓокиќ со квота 25. Тој е ректор на Белградскиот универзитет, но не се најде на Студентската листа.

Еве ги сите квоти на домашните обложувалници за функцијата премиер по изборите:

Александар Вучиќ – 1,20

Илија Срдановиќ – 4,00

Ивица Дачиќ – 10

Синиша Мали – 15

Ана Брнабиќ – 20

Владан Ѓокиќ – 25

Владимир Ѓукановиќ – 30

Милош Вучевиќ – 35

Никола Селаковиќ – 40

Славица Ѓукиќ Дејановиќ – 42

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи, ќе видите каква политика ќе водат

(ВИДЕО) Вучиќ: „Упадот во ’Информер‘ е монструозно насилство, безумните напади врз луѓе мора да престанат“

А1он

Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

А1он

Србија: Се чекаат конечните резултати на РИК, рокот за избор на нова Влада е 90 дена од конституирањето на Парламентот

Вучевиќ: Ја почитуваме волјата на народот, проблемот е што ќе се случува со Србија по победата на Студентската листа

(ВИДЕО) „Политика“: Лидерот на Кавачкиот клан го славеше поразот на Вучиќ