Најмалку 80 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, соопштија денеска локалните власти, додека на состанокот на Заедничкиот кризен штаб во Богота беше прогласена национална катастрофа.
Во градот Переира загинаа 40 лица, изјави градоначалникот Маурисио Салазар, пренесува „Ел Паис“.
Две лица загинаа во градот Манисалес, а 27 во департманот Вале дел Каука, каде што се наоѓа Кали, третиот по големина град во Колумбија, соопштија официјалните лица.
Cali
Calle 5 con 44 edificio de 5 pisos pic.twitter.com/XtW2BHVz8i— Elkin Javier Estupiñan (@javi1503javi) August 10, 2026
Во Кали е причинета голема материјална штета, а градоначалникот Алехандро Едер соопшти дека најмалку 30 згради се урнаа и дека има луѓе заробени под урнатините.
„Побарав помош од Богота и Меделин да испратат спасувачки екипи“, напиша Едер на социјалните мрежи, повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги напуштат зградите доколку забележат големи пукнатини.
Тој соопшти дека досега се спасени 38 лица.
На состанокот на Заедничкиот кризен штаб во Богота, со кој раководи претседателот на Колумбија, Абелардо де ла Еспријела, беше одобрено прогласување национална катастрофа.
Според локалните медиуми, ова овозможува средствата за справување со последиците од вонредната ситуација побрзо да бидат ставени на располагање. Сепак, ова не е исто што и прогласување економска и социјална вонредна состојба, која би му овозможила на претседателот да носи уредби со законска сила.
🇨🇴 | URGENTE: Daños en el aeropuerto de Pereira en Colombia tras terremoto de magnitud 7,4 la mañana del lunes. https://t.co/Hn75eDQFiE
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026
Аеродромите во Кали, Переира, Манисалес, Кибдо, Ерменија, Картаго и Буенавентура го прекинаа работењето откако претрпеа оштетувања во земјотресот.
Земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала се случи на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот беше на длабочина од 115 километри.
Гувернерката на западниот колумбиски департман Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека во главниот град на департманот, Кибдо, има значителни оштетувања на зградите и повеќе повредени лица.
Во Кибдо, кој се наоѓа во близина на пацифичкиот брег, се урнаа неколку згради и има повредени, но точниот број сè уште не е познат, изјави гувернерката.
Според порталот „Публико“, во земјотресот е оштетена катедрала, како и повеќе од 10 аеродроми.
Дел од покривот на меѓународниот аеродром „Матекања“ се урна, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до луѓето заробени под урнатините.
Земјотресот се почувствува рано утрово по локално време и во Венецуела, Еквадор и Панама.
