Хорор на плажа во Хрватска: Дрво падна врз капачите, меѓу повредените има и деца

Од:

Дрво падна врз капачи на плажата покрај шеталиштето на Штросмаер во Цриквеницa. Според првите достапни информации, дрвото било „откорнато“ од земјата и паднало на дел од плажата каде што се наоѓале капачи, објавува Crikva.hr.

На местото на настанот пристигнале служби за итна помош, а местото на падот веднаш било блокирано.

Според неофицијални информации, повредени се двајца возрасни и две деца, кои се надвор од животна опасност и се пренесени во Риечкиот болнички центар. На местото на настанот им е укажана помош на неколку лица со полесни повреди.

Сè уште се чекаат официјални информации за повредите, како и за причините за падот на дрвото.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски