Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши информира дека денеска ја потпишал одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври.

-Денес, во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, ја потпишав одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите – напиша на Гаши на својот Фејсбук профил.

Ги повика сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што потикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес.

-Ги повикувам граѓаните на Брвеница да учествуваат на изборите и одговорно да го остварат своето демократско право, придонесувајќи кон мирен, уреден и кредибилен изборен процес што ќе го одреди идниот правец на развој на нивната општина. Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани – посочува Гаши во објавата.

Ова одлука следи откако на 23 јуни, годинава почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Функцијата в.д. градоначалник ја врши Роберт Милошески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гаши го тргна од дневен ред спорниот предлог-закон за „Скопје 2028“

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан

Горан Наумовски

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Почина градоначалникот на општина Брвеница

А1он

Гаши утре во Софија на билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Доцова: Нашите ставови за уставните измени се познати

Гаши: Законот за правична застапеност не смее да биде жртва на политички пресметки