Поради пожар, селото Дреново e без вода

Од:

Пожарите што вчера избувнаа во атарот на селото Раец предизвикаа оштетување на дел од електропреносниот систем, поради што е нарушено редовното снабдување со вода за селото Дреново, информираа утрово од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци.

Како што соопштуваат од претпријатието, поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не е можно нормално функционирање на бунарите од кои се обезбедува вода за селото.

– По оваа ситуација, ЈП „Комуналец“ веднаш реагира и испрати цистерна со вода во село Дреново за технолошки потреби и истата ќе се користи до средување на проблемот од страна на „ЕВН“ – потенцираа од јавното претпријатие.

Би можело да ве интересира

ЦУК: До утринава регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

(ВИДЕО) Катастрофа кај Спокејн: Уништени најмалку 700 објекти, евакуирани над 60.000 жители

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати