Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

Од:

По повод 82 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата и пратеник Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Сашко Јанчев и членот на Централниот комитет Евгенија Станкоска, положи свежо цвеќе пред спомен-плочата во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде што на 2 август 1944 година беше одржано Првото заседание на АСНОМ – Вториот Илинден.

„АСНОМ е правниот, политичкиот и моралниот извор на современата македонска држава. Врвна политичка и револуционерна синтеза на вековната борба на македонскиот народ“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ, во свој стил, но со ист исход, лукративна цел и отсуство на визионерство, постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја. Ја сведоа државноста на политика на отстапки, попуштања, сервилност; суверенитетот во категорија што постојано чека туѓа потврда; компромиси на наша штета и без црвени линии; подредување на државните интереси на дневнополитички и надворешни диктати. Наместо да ги надградуваат, и едните и другите придонесоа Македонија да биде доведена во положба да ги докажува вистините што АСНОМ ги врежи. Всушност, три децении СДСМ и ДПМНЕ се надополнуваа во демонтажата на асномските идеали“.

„Историската вистина што ДПМНЕ никогаш не успеа да ја свари е дека Македонија не ја создадоа антикомунистите, туку комунисти, левичари, партизани и антифашисти. Не ја конституираа политички претприемачи што подоцна го присвоија името ВМРО, туку борци кои под црвеното знаме ја поразија фашистичката окупација. Затоа антикомунистичката опсесија на ДПМНЕ е обид да се пресече гранката врз која почива македонската државност.

Асномците не бараа ничија дозвола за македонскиот јазик, ниту преговараа за македонската посебност. Денес, по долгогодишното владеење на СДСМ и ДПМНЕ, Македонија е пред апсурдот нејзиниот јазик, историја и национален континуитет да стануваат предмет на надворешни условувања и политички пазарења. Она што асномците го затворија како историско и државно прашање, овие власти повторно го отворија со својата недоследност, кукавичлак, алчност, отсуство на државничка визија и тактиката раздели и владеј продавајќи демагогија, лицемерие и квазипатриотизам.

АСНОМ не нè задолжи само да паметиме, туку и да продолжиме. Затоа Левица ќе продолжи да го носи знамето на асномците како жива политичка обврска. Тоа е знамето што ја обедини народната сила околу слободата, а не околу поделбите; околу создавањето на Републиката, а не околу тесните интереси. Македонија ќе ја зачува народ обединет околу идеалите на АСНОМ.

АСНОМ живее! Смрт на фашизмот – слобода за народот!“ велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица