Поради Мицкоски, Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата, тврдат од СДСМ

Од:

Македонија ги загуби средствата од ИПА фондовите на Европската Унија наменети за изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Наместо европски грант од милиони евра, сега остануваат само кредитите што ќе ги враќаат граѓаните. Ова е уште еден дебакл на Владата на Христијан Мицкоски. Губиме милиони евра, европски пари поради тоа што владата на Мицкоски не ги испочитувала роковите, ИПА средствата повеќе не се достапни, велат од СДСМ.

– Наместо да ја реализира инвестицијата со европска поддршка, Владата сега ги менува законите за да го избрише фактот дека проектот требало да се финансира и со средства од Европската Унија. ИПА средствата не носат само финансиска поддршка. Тие носат европски правила, транспарентност, строга контрола и надзор врз трошењето на јавните средства а тоа им смета на Мицкоски и неговата криминална организација затоа што не можат да ги крадат. Додека Македонија губи европски грантови, Владата се задолжува со нови 2,5 милијарди евра. Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ– наместо европски пари, граѓаните ќе плаќаат скапи кредити, наместо развој и економски напредок, добиваат нови долгови и економија која е пред колапс. Ова е цената што ќе ја плаќаат македонските граѓаните поради неспособноста на Владата на Мицкоски, криминалните политики и изолацијата на земјата, нагласуваат од партијата

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините

Горан Наумовски

Мицкоски: Рекордни бројки во тутунот и лозарството, инвестициите во земјоделството продолжуваат

Горан Наумовски

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски