Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Од:

Канаѓанка со кинеско потекло е уапсена во Белгија под сомнение за шпионажа во корист на трета земја и членство во криминална организација.

Осомничената работела како приправничка во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (SHAPE), военото седиште на НАТО сместено во белгискиот град Монс.

Безбедносните служби на SHAPE забележале сомнителни активности и ја известиле белгиската разузнавачка служба. Полицијата во Шарлроа извршила претрес во нејзиниот дом и на работното место, по што таа била уапсена.

Надлежниот судија издал официјален налог за апсење, додека белгиското Федерално обвинителство официјално објави информации за случајот.

Белгиските власти и НАТО во официјалното соопштение не прецизираа за која трета земја станува збор, ниту какви конкретни информации осомничената се обидела да прибере.

Би можело да ве интересира

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan