Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Од:

Непријателот нема да може да го спречи Иран да произведува и модернизира оружје ниту за момент, изјави портпаролот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), бригадниот генерал Хосеин Мохеби.

Тој најави дека, доколку дојде до трет бран судир со непријателот, ќе откријат „достигнувања што ќе го изненадат светот“ – ново оружје на иранските воздухопловни сили.

„Постои и оружје што ќе биде откриено и оперативно во случај на трет бран обновување на судирот со непријателот, оружје што ќе го изненади целиот свет“, најави Мохеби на конференција за медиумите во пресрет на неделата на иранското воздухопловство, пренесува агенцијата IRNA.

Како едно од достигнувањата на Воздухопловните сили на IRGC, тој го откри постоењето на подземни ракетни градови и истакна дека тие настанале благодарение на флексибилната способност за продолжување на производството на ракети и дронови за време на војна и под непријателско бомбардирање.

„Со оваа флексибилност бевме во можност брзо да го преместиме производството на ракети од површината под земја. Сега, со сопствено знаење и со огромната и разновидна географија на Иран, користејќи ја оваа можност, бевме во можност да создадеме ‘град за производство на ракети под површината’. Тоа овозможи продолжување на производството за време на војна и под бомбардирање“, изјави портпаролот на IRGC.

Непријателот, нагласи тој, ги брои иранските ракети верувајќи дека набрзо ќе ја потрошат залихата, но не бил свесен за оваа можност.

Мохеби додаде дека, благодарение на технологијата што ја користат, ја направиле неефикасна модерната противвоздушна одбрана на непријателите на Иран, вклучително и системите THAAD и Patriot.

Би можело да ве интересира

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Русија ѝ се закани на Австрија

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран