Левица: Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3 отсто

Од:

Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните. Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела Европа, со убедливо најниска минимална и најниска просечна плата на континентот. Како може еден обичен човек, кој работи за трошки, да си дозволи сопствен дом? Во услови кога имаме континуиран пад на индустриското и на земјоделското производство, економијата тоне, а цените на недвижностите одат во плафон, граѓаните се ставени во безизлезна депресија и сѐ потешко, речиси никогаш, не можат да се одлучат за купување стан, велат од Левица.

– Зошто е ова вака? Сведоци сме на јавна тајна која сите ја знаат, луѓето на клучните позиции во институциите задолжени за оваа индустрија се во директни, тесни врски со големиот градежен бизнис. И во таков сетап, на дело имаме криминални и коруптивни дилови под маса. Се местат детални урбанистички планови, се купуваат дозволи во четири очи и намерно се држи монопол на пазарот, за профитот да оди кај неколку моќници.

Единствено и итно решение за овој хаос е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор да престане да биде партиски центар за вработување и да почне масовно да гради станови! Државата мора да влезе како главен играч на пазарот и со реални, нормални цени на државните станови да го принуди приватниот сектор да ги спушти цените на земја.

Заедно со ова, Обвинителството, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и градежните инспекторати мора конечно да почнат да функционираат онака како што се законски замислени. Потребна е жестока контрола на потеклото на парите во градежништвото, чистење на корупцијата во инспекциите и крај за неконтролираното урбанистичко дивеење.

И секогаш кога власта ќе сака да аргументира со некакви измислени приказни дека животниот стандард расте, а всушност, на народот му е доволно да погледне во сопствениот празен џеб и да ги види цените по метар квадратен кои станаа повисоки од оние во развиените европски земји со десеткратно поголеми плати од нашите.

Со вакво коруптивно управување и свесно слепило од страна на надлежните, граѓаните се осудени на вечен кираџиски живот или на трајно иселување од Македонија. На профитерските пазарлаци со правото на дом мора да им се стави крај и државата мора конечно да ги преземе конците во свои раце за доброто на сопствениот народ – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Горан Наумовски