Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека НАТО продолжува со својата политика на милитаризација на Европа, подготовка за евентуален конфликт со Русија и обезбедување воена поддршка на Украина.
Захарова изјави дека „општата линија на НАТО не се променила“ и дека алијансата продолжува да се однесува кон Русија како кон долгорочна закана за евроатлантската безбедност, објави Спутник.
Коментирајќи го самитот на НАТО, Захарова рече дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, не успеал да го претстави состанокот како „епохален“ или да ги ублажи несогласувањата меѓу членовите.
Таа додаде дека Руте не успеал да ги надмине разликите меѓу сојузниците, особено да влијае врз американскиот претседател Доналд Трамп, според неа, да го спречи забрзаното повлекување на американските сили од Европа.
Таа додаде дека НАТО ја смета Русија за долгорочна закана, иако некои членки на Алијансата во исто време наведуваат дека нема докази дека Москва планира напад врз некоја од нејзините земји-членки.
„Спротивставувањето на нашата земја кон НАТО е егзистенцијално и системско“, рече Захарова.
Таа, исто така, оцени дека САД покажуваат незадоволство од функционирањето на НАТО и како примери ги наведе несогласувањата околу прашањето за Гренланд и ситуациите во кои, како што рече, Вашингтон не ја добил очекуваната поддршка од сојузниците.
Захарова посочи дека „европските политички елити“ сега ја преземаат водечката улога во конфронтацијата на „колективниот Запад“ со Русија и ги предупреди стратезите на НАТО дека нивните одлуки би можеле да доведат до „катастрофални последици“ за Алијансата и светот.
