Киев го отфрли мировниот план на Трамп од 28 точки

Од:

Украина го напушти оригиналниот мировен план од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп пред самитот на НАТО и бара поповолни услови за прекин на конфликтот со Русија, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на украински претставници.

Според американскиот весник, Киев верува дека промените на фронтот и ставот на Вашингтон создале простор за поинаков пристап кон преговорите и зголемен притисок врз Москва. Затоа, украинската страна повеќе не го гледа претходниот американски предлог како основа врз која би можел да се постигне договор без дополнителни промени.

Украинските претставници очекуваат дека новите услови би можеле да бидат поповолни за Киев, потпирајќи се на воените капацитети на земјата, разузнавачките ресурси и нејзината важност за безбедноста на НАТО. Наместо веднаш да се врати на директни преговори со руската страна, Киев се залага за нови дипломатски и воено-политички опции.

Овој став беше изразен пред средбата меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Анкара. Американскиот претседател претходно изјави дека разговарал и со Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин и дека верува оти двете страни сакаат да постигнат договор.

„Мислам дека ќе го решиме, се надевам наскоро“, рече Трамп, додавајќи дека имал долг и, како што оцени, многу добар разговор со Путин.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, претходно процени дека сè уште постои можност активната фаза на конфликтот да заврши до крајот на 2026 година. Тој рече дека преговорите напредувале со добро темпо во текот на пролетта, но дека страните во меѓувреме влегле во период на нова ескалација.

Би можело да ве интересира

Трамп: Примирјето е завршено

Горан Наумовски

Трамп: Американската војска никогаш не била посилна или помоќна

Украина бара од Западот да ja сподели ракетна технологија

Белгија ги повикува европските лидери да не го лутат Трамп

Христофору: Киев пред Анкара без стариот моментум, руските напади го променија тонот на разговорот

Руте: Признајте дека Трамп беше во право, ми се допаѓа човекот