Откриено е што предизвикало авионот на пат кон Тел Авив да го активира сигналот за киднапирање: Пилотот направил неразбирлива грешка

Од:

Откако бил пријавен сигнал за киднапирање на летот Варшава – Тел Авив и летот бил пренасочен кон Кипар, израелските медиуми открија за што станува збор.

Имено, откако било забележано дека авионот има активиран сигнал за киднапирање, Израел презел безбедносни мерки и ги кренал борбените авиони во воздух.

Меѓутоа, во меѓувреме, пилотот изјавил дека сè е во ред и дека по грешка го притиснал копчето за сигнал за киднапирање.

Пилотот потоа побарал дозвола за слетување на Кипар, но неговото барање било одбиено бидејќи аеродромот бил полн, пишува израелскиот Канал 12.

После тоа, авионот бил пренасочен назад кон аеродромот во Бургас, Бугарија.

Авионот на бугарската компанија Електра Ервејс имаше 180 патници на овој лет, а поради целата ситуација, во еден момент станал најследен на страницата Flightradar24.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа