Мојсоска: Откако вмровец влезе во криминалот со „Бехтел и Енка“ Тошковски го ослободи Груби од притвор

Од:

На денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратеничката од Левица Јована Мојсоска се осврна на приведувањето на млади лица кои на јавен настан истакнале палестинско знаме, оценувајќи дека државата покажува сила врз граѓани кои мирно протестираат против страдањата во Газа, додека истовремено покажува попустливост кон лица поврзани со крупни криминални афери.

„Додека криминалците ги пречекувате како господа на граница, вашата полиција тренира строгост врз млади луѓе кои се солидаризираат со народ врз кој се вршат најголемите воени злосторства во поновата историја.“, истакна Мојсоска.

Во своето обраќање таа посебно се задржа на случајот со надзорот над проектот Бехтел и Енка, оценувајќи дека станува збор за „историски криминал“ кој две години е заглавен во предистражна постапка во МВР.
Според Мојсоска, ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција јавно презентираше документи и обвинувања за незаконитости поврзани со фирмата „Електра Солушн“, која го добила тендерот за надзор вреден 22 милиони евра, иако во моментот на распишување на повикот немала соодветна лиценца.

„Се поставува прашањето како во опозиција толку лесно наоѓавте докази за криминал, а сега, по две години власт, сè уште водите предистрага за да ги обезбедите истите тие докази“, праша Мојсоска.

Таа обвини дека случајот намерно се држи во фиока, а како дополнителен сомнеж го посочи фактот што нов сопственик на „Електра Солушн“ станал поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Мојсоска ја поврза оваа околност и со враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во земјата, посочувајќи дека само дваесет дена по промената на сопственичката структура во фирмата, Груби бил пречекан на граница.

,,Ако вие министре не можете две години да обезедите докази за криминалот, обратете се во вашава партија нека ви ги дадат документите што ги вадеа на прес конференција за историскиот криминал со Бехтел и Енка. Ама очигледно не смеете да постапите затоа што сега “твојот човек” влезе во фирмата за долна облека и сега “твојот човек” ќе ги зема милионите од историскиот криминал со Бехтел и Енка. Односно нов сопственик на фирмата за долна облека е Бојан Савески, поранешен советник во општина Аеродром токму од ВМРО-ДПМНЕ. Знаете кога новиот сопственик влегува во фирмата која ги врти милионите од Бехтел и Енка? На 3 февруари, а само 20 дена подоцна, на 23 февруари го пречекавте Груби како господин на граница. Значи откако вмровски функционер влегува во бизнисот со Бехтел и Енка, 20 дена потоа Груби се враќа на граница. Ова сугерира дека се работи за договор со Груби да ви го отстапи бизнисот со надзорот, а вие за возврат да го пратите во куќен притвор.“, нагласи таа.

Пратеничката потсети и на улогата на МВР во доставувањето на проценка до обвинителството со кои се тврдеше дека безбедноста на Груби не може да биде гарантирана во затворски услови, иако самиот Груби не пријавил закани, а директорот на Истражниот затвор јавно соопштил дека не биле констатирани такви ризици.

„Системот е трул, министре, но таа трулост не се појавила сама од себе. Ја создаваат токму партиите кои 35 години управуваат со државата и ја хранат со корупција, криминал и неказнивост. Најголемата црна дамка во вашиот мандат ќе остане заштитата на криминалот со Бехтел и Енка“, порача Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски

Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ, Тошковски за интерпелацијата

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната

А1он

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати