Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Од:

Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија од Апелацискиот суд-Штип.

Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел.

Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен затвор, бидејќи лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84 – годишна мајка Марија Заркова. Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици. Судечкиот судија, Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип при изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има апсолутен карактер и животот е природно човеково право. Според архивата на судот, Зарков во три наврати е суден за сторени кривични дела семејно насилство.

Би можело да ве интересира

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он