Има мртви и ранети во рускиот напад врз регионот Харков

Од:

Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени во руски напад со беспилотно летало извршен ноќеска врз градот Чугуев во Харковскиот регион во источна Украина, изјави шефот на градската администрација на Харков, Олег Синегубов.

Тој рече дека нападот предизвикал пожари и дека биле повикани сите служби за итни случаи, објави Укринформ.

Синегубов рече дека во нападот се оштетени осум станбени згради и повеќе од десетина куќи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев