Јеменските Хути со директна закана до Израел: Ќе одговориме на секоја ескалација

Од:

Јеменските Хути денес објавија дека извршиле напади врз Израел, дека прогласиле целосна забрана за поморска пловидба во Црвеното Море за Израел и најавија дека ќе одговорат на секоја ескалација со истата мерка.

– Силите на Хутите се во состојба на висока готовност, подготвени да се соочат со секоја агресија врз јеменскиот народ, изјави денес генерал-мајор Мохамед ал-Атифи, министер за одбрана во јеменската влада предводена од Хутите, објави Ал Џезира.

Тој рече дека најновиот бран конфликти со ционистичките и американските непријатели воспоставува единство на фронтовите и ја докажува „ефикасноста на воените операции на џихад и оската на отпор кон непријателот“.

Со овие потези, Хутите отворија нов фронт на Блискиот Исток и, со чести напади врз Израел со беспилотни летала и балистички ракети со долг дострел, формално интервенираа во американско-израелската војна против Иран.

Проиранската јеменска милитантна фракција вети дека ќе продолжи со нападите врз Израел и врз бродовите во Црвеното Море додека не заврши војната.

Заменик-министерот за надворешни работи на владата на Хутите, Хусеин ал-Ези, претходно предупреди дека Хутите би можеле да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да ги поткопува мировните напори.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Иран наводно планира напад врз Тел Авив во случај на понатамошна ескалација

Израелците се загрижени: Иран се обновува многу брзо по повеќе од 20.000 воздушни напади

(ВИДЕО) Голема ескалација: Хутите погодија саудиски танкер

Израелски извор тврди: Врховниот верски водач на Иран не е во земјата

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Израелските доселеници го нападнаа палестинското село Тувани на Западниот Брег