Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли приказните што кружат во западните земји за наводен претстоен руски напад врз НАТО, опишувајќи ги таквите тврдења како апсурдни и „намерни манипулации“, а во исто време рече дека Русија е подготвена за мир со Украина и дека е потребно некој што е неутрален да посредува во преговорите со таа земја.

– Која е целта на нападот на Европа и борбата против НАТО? Ова не е само бесмислица, тоа е намерна провокација дизајнирана да создаде закана што всушност не постои и да го принуди населението на нивните земји да троши повеќе пари за одбрана, рече Путин.

Замолен да ја коментира изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој рече дека војната во Украина е „катастрофа за Русија“, Путин рече дека реалноста на терен покажува поинаку, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел