Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД можеби нема да постигнат мировен договор со Иран доколку арапските земји не ги нормализираат односите со Израел.

– Тие ни го должат тоа, рече Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа, осврнувајќи се на арапските земји кои не го потпишале договорот, додавајќи дека нивното пристапување би било „историско“, објави Скај њуз.

Неговиот претставник Стив Виткоф нагласи дека „интензивно работи на разговори со сите страни“ за ова.

„Не сум сигурен дека треба да постигнеме договор ако тие не го потпишат“, одговори Трамп.

Претседателот на САД не коментираше дали договорот со Иран ќе биде условен од тоа дали другите земји треба да се приклучат кон Абрахамовите договори.

Абрахамовите договори, постигнати за време на првиот мандат на Трамп, ги нормализираа односите меѓу арапските потписници и Израел, потсетува Скај њуз.

Досега, само Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан го потпишаа договорот.

Би можело да ве интересира

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“