Путин: Русија била и останува неразделен дел од глобалниот економски систем

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија била и останува неразделен дел од глобалниот економски систем и нагласи дека Москва е подготвена за меѓународна соработка.

– Отворени сме за конструктивна соработка со сите партнери кои ги делат принципите на меѓусебно почитување и се подготвени да градат искрени и долгорочни односи, рече Путин во порака до учесниците, организаторите и гостите на 29-от Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, пренесува „Спутник“.

Тој нагласи дека денес, кога меѓународните односи и економските врски се соочуваат со невидени предизвици, фрагментација и нарушување на логистичките и технолошките синџири, прагматизмот и рамноправниот дијалог се неопходни.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница