Финансиската полиција откри даночно затајување од 7,4 милиони денари

Од:

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.

Како што соопшти Управата, пријавените М.Ш. и Ж.Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.

Според наводите, за 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот на добивка во кој искажале лажни податоци, а за 2021 и 2022 воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување на данокот на добивка спротивно на сметководствената евиденција и искажаниот финансиски резултат во бруто-билансите на друштвото, од банкарските сметки на правното лице подигнале парични средства по разни основи и извршиле плаќања што не се поврзани со дејноста на правното лице, без да постои доказ во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост, а со намера да ги прикријат инкриминираните активности не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот регистар на РСМ.

Со овие незаконски активности, како што се наведува, е оштетен буџетот на Република Северна Македонија, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Кривична против екс претседателот на Стоматолошката комора, склучувал договори за лиценци со непостоечки здруженија

Швајцарија воведува нов данок: Веќе нема бесплатно

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

УЈП го активира процесот за враќање на средствата од солидарниот данок

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Кривична пријава за претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски

Катерина Ѓуровски