ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

Од:

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека на виделина излезе уште еден договор поврзан со компанијата ЕЛНОС БЛ, потпишан во рамки на јавна набавка на МЕПСО, институција раководена од кадри блиски до ВЛЕН, стои во соопштението од ДУИ.

– Според договорот со број 23817/2025, потпишан на 08.07.2025 година, МЕПСО склучува договор за набавка на опрема со компанијата ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ Скопје, фирма блиска до Милорад Додик од Република Српска, фирма која веќе неколку дена е во центарот на јавноста поради сомнежите за милионски штети и сомнителни тендерски постапки.

Го прашуваме Бурим Латифи:

* Зошто повторно истите компании добиваат договори во МЕПСО?
* По кои критериуми е избран економскиот оператор?
* Дали е направена целосна проверка на компанијата и нејзините капацитети?
* Кој ќе понесе одговорност доколку се потврдат сомнежите за злоупотреби?

Наместо транспарентност, јавноста гледа молк, криење и паника. Бурим Латифи веќе со денови избегнува да одговори на прашањата поврзани со овие договори, додека институциите молчат пред сериозните индиции за можна злоупотреба на државни средства.

ДУИ бара:

* Итна и независна истрага за сите договори поврзани со ЕЛНОС БЛ;
* Објавување на целокупната тендерска документација;
* Политичка и кривична одговорност доколку се утврдат незаконитости.

Граѓаните заслужуваат одговори, а не молк. Скандалот во МЕПСО станува сè подлабок, а Бурим Латифи сè повеќе останува симбол на нетранспарентност и сомнителни зделки и како лице кое соработува и склучува сомнителни, нетранспарентни договори со фирми блиски до Милорад Додик, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Јаневска бара да се поништи Бадентер и ги нарекува Албанците „мала Заедница“, реагира ДУИ

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ