Јоргенсен предупредува: Европа се соочува со тешко лето поради недостиг на гориво

Од:

Комесарот за енергетика на ЕУ, Ден Јоргенсен, во понеделник изјави дека Европа, дури и во најдобар случај, се соочува со „тешко лето“ поради недостиг на гориво предизвикан од војната во Иран и затворањето на Ормутскиот теснец.

Тој во Мадрид изјави дека Европската Унија подготвува мерки за ублажување на влијанието на војната врз снабдувањето со гориво за авиони, објави Ројтерс.

„Доколку е потребно, можеме да ги прераспределиме ресурсите на гориво за авиони што ги имаме“, изјави Јоргенсен за новинарите.

Европските авиокомпании веќе предупредија дека војната во Иран може да доведе до недостиг на гориво за авиони во рок од неколку недели, бидејќи главната рута за снабдување низ Ормутскиот теснец е блокирана.

Околу 75 проценти од снабдувањето со гориво за авиони во Европа доаѓа од Блискиот Исток.

Прекинот на глобалните снабдување со нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денес Европската федерација за транспорт и животна средина (T&E).

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Ова се 50 најубави плажи во Европа – шест се во Грција, пет во Хрватска, две во Албанија и една во Црна Гора

А1он

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари