Шасивари: Европа е нашата иднина

Од:

Денес го одбележуваме 8 Септември – Денот на независноста на Републиката, еден од најзначајните датуми во нашата современа историја. Независноста е историско достигнување, но пред сè е одговорност секојдневно да ја градиме и зајакнуваме државата, вели министерот за правда Јетон Шасивари.

– Силна држава е држава во која законот е еднаков за сите, правдата е независна, а институциите се професионални, одговорни и доверливи. Македонија е држава на различни граѓани, но со заедничка иднина. Нашата етничка, јазична и културна различност не е слабост – таа е вредност и сила на нашата држава.

Како Министер за правда, верувам дека патот кон Европската Унија минува преку владеењето на правото, одржливите реформи, почитувањето на човековите права, еднаквоста пред законот и институциите кои обезбедуваат правда за сите, без разлика. Европа не се гради само со декларации. Европа се гради со добри закони, силни институции и правда која функционира.

На овој значаен ден, да продолжиме заедно да градиме држава поправедна, посилна и поевропска. Оваа земја е наша чест, наша иднина и наша љубов. Нашиот вистински избор е да ја градиме, зајакнуваме и воздигнуваме за генерациите што доаѓаат. Среќен 8 Септември – Денот на независноста! Независноста нè обединува. Правдата нè изедначува. Европа е нашата иднина. Нека биде секогаш благословена наша Македонија, кажа Шасивари.

Би можело да ве интересира

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

ВИДЕО: Пријави за бомби во авиони низ Европа, сменети маршути, принудни слетувања

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

Шасивари: Законските решенија за полагање на правосудниот испит ќе бидат усогласени со највисоките европски правни стандарди

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче