Нови цени на горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година.

Во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за
еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,806%, кај дизелот за 9,605%, кај екстра лесното
масло за 8,205% и кај мазутот намалувањето е за 6,515%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,1582%.

Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 ден/кг и сега ќе изнесува 46,288 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Поевтинуваат горивата

Поскапуваат горивата

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Нови цени на горивата

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски