„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци

Од:

Грција во моментов располага со доволни резерви на гориво за наредните два месеци, изјави висок извршен директор од рафинерискиот сектор, во услови на растечка загриженост на пазарите поради кризата во Персискиот Залив.

„Целосно сме обезбедени два месеци. Доколку пловидбата во Ормутскиот теснец не се обнови, ситуацијата ќе стане потешка подоцна“, изјави претставникот за „Катимерини“.

Според информациите, Грција располага со четири рафинерии – во Аспропиргос, Елефсина и Солун – чиј вкупен капацитет ја надминува домашната побарувачка. Повеќе од половина од производството се извезува, додека безбедносните резерви ги надминуваат задолжителните количини за покривање на потребите за 90 дена.

Загриженоста се зголеми откако пловидбата низ Ормутскиот теснец, клучна рута преку која минуваат околу 20 проценти од глобалната трговија со нафта и течен природен гас, е во застој од крајот на февруари. Причина за тоа е ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран.

Експертите предупредуваат дека доколку кризата продолжи, притисокот врз снабдувањето и цените на енергенсите во регионот би можел значително да се зголеми.

Би можело да ве интересира

Мицотакис ѝ го честиташе 68. роденден на Мадона по нејзиниот одмор во Грција

Предраг Петровиќ

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Грција бележи зголемување на заразените со вирусот западнонилска треска, 13 лица починаа

Хеликоптер се урна во близина на куќи на грчки остров – загина пилотот и сите петмина патници

А1он

Нови цени на горивата

ВИДЕО: Две жртви во пожар на грчкиот остров Саламина, евакуирани стотици жители и туристи