Шефот на иранскиот парламент: Трамп изнесе седум тврдења, сите седум се лаги

Од:

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, испрати остри пораки до Соединетите Американски Држави, обвинувајќи го американскиот претседател дека, како што тврди, изнесе низа невистини и предупредувајќи за можни последици за глобалниот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Во објава на социјалната мрежа X, Галибаф изјави дека американскиот претседател изнесе „седум тврдења, од кои сите седум биле лажни“ за еден час, велејќи дека, според него, „тие не ја добиле војната со такви лаги, ниту ќе постигнат ништо во преговорите“.

Зборувајќи за Ормутскиот теснец, низ кој минува значаен дел од светската трговија со нафта, Галибаф предупреди дека продолжувањето на блокадата може да има сериозни последици.

„Со продолжувањето на блокадата, Ормутскиот теснец нема да остане отворен“, рече тој.

Тој додаде дека во иднина преминувањето низ теснецот ќе биде можно само преку „одредени правци“ и со „одобрување од Иран“, нагласувајќи дека правилата за управување со оваа поморска рута ќе бидат утврдени „на терен, а не на социјалните мрежи“.

Галибаф се осврна и на информативниот аспект на конфликтот, нагласувајќи дека медиумската војна и обликувањето на јавното мислење се важен дел од современите конфликти.

„Медиумската војна и инженерингот на јавното мислење се важен дел од војната, но иранскиот народ не е подложен на тие трикови“, рече тој, упатувајќи ја јавноста да бара „вистински и точни информации за преговорите“ во неодамнешното интервју со портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Трамп: Пронајдовме интересни документи за НЛО

(ВИДЕО) Мелони збунета од дочекот во Париз: Макрон и се нафрли со прегратки и бакнежи

Американска морнарица откако војниците фотографираа оброк на носач на авиони: „Нутритивно избалансирано“

„Џералд Форд“ повторно во водите на Блискиот Исток, Трамп се заканува со нови напади

Лукашенко: Трамп му покажа на светот дека САД не се семоќни

Првиот крузер помина низ Ормутскиот теснец