(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека политичките промени во Унгарија претставуваат историска победа на демократијата и јасен сигнал дека завршува ерата на автократските режими во регионот.

„Граѓаните на Унгарија јасно порачаа дека им е доста од автократијата. Ова е победа на демократијата над авторитаризмот, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата“, изјави Филипче.

Тој додаде дека исходот од изборите во Унгарија испраќа силна регионална порака дека „времето на автократите завршува“, оценувајќи дека ваквите процеси ќе имаат одраз и во земјите од регионот.

Филипче ја поврза промената на власта во Унгарија со, како што рече, политичко-бизнис врските меѓу Виктор Орбан и актуелната власт во Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, стратешки сектори како медиумите, телекомуникациите, енергетиката и финансиите биле под влијание на компании и бизнис кругови блиски до Орбан.

Тој обвини дека преку такви врски се создала медиумска структура што служи за политичка пропаганда и ширење дезинформации, додавајќи дека со падот на Орбан ќе се отворат и прашањата за овие односи.

„Сите тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на виделина. СДСМ ќе бара целосна истрага за овие релации“, рече Филипче.

Во обраќањето, тој се осврна и на случајот со поранешниот премиер Никола Груевски, оценувајќи дека новата унгарска власт најавува прекин на политиката на давање засолниште за лица кои бегаат од правдата. Филипче ја повика Владата да одговори дали ќе побара негова екстрадиција.

– Сега се поставува следното прашање, што ќе прави Никола Груевски, осудениот бегалец и симбол на корупција и злоупотреба на власта, кога повеќе нема заштитник во Будимпешта? Години наназад уживаше гостопримство од Виктор Орбан кој го штитеше од правдата. Ќе бега ли на друго место, во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ја отслужи казната? Ја поздравувам јасната и недвосмислена порака на новиот унгарски премиер Петар Маѓар од вчерашната прес конференција. Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште на луѓето кои бегаат од правдата.Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец. Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за сите осудени корумпирани криминалци. Бидејќи движењето ЗНАМ веќе честиташе на победата на новиот унгарски премиер, сега го поставуваме следното прашање, има ли барање за екстрадиција досега оваа влада на ВМРО и ЗНАМ поднесено за враќање на Никола Груевски. Доколку нема, зошто нема? И доколку нема, дали денеска, во текот на денот после изјавата на новиот унгарски премиер ќе поднесат барање за екстрадиција на Никола Груевски во земјата, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

(ВИДЕО) Маѓар: Унгарија нема да биде засолниште на меѓународни криминалци

А1он

Маѓар: Владата на Тиса ќе биде влада на сите Унгарци

А1он

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Туск му честиташе на Маѓар: Јас сум посреќен и од тебе

А1он