Финале на Кралскиот Куп

Од:

Вечерва во финалето во Купот на Шпанија кое од 22 часот ќе стартува на стадионот „Висенте Калдерон” во Мадрид ќе донесе седма пресметка за пехарот меѓу составите на Барселона и Атлетик од Билбао.

Двете екипи коишто досега имаат најмногу победи во ова натпреварување ќе тргнат во поход по уште еден трофеј. Барса ќе атакува на 26. круна, додека Атлетик ќе се обиде да го освои 24. пехар во шпанскиот куп.

Последната пресметка во Купот ја имаа лани во осминафиналето кога двете средби завршија нерешено, а Барселона продолжи понатаму поради голот во гости. Овие две екипи воедно ги врзува и еден друг момент. Пеп Гвардиола како тренер на Барса дојде до првиот трофеј во 2009 година и отвори успешна серија.

Сега против истиот противник може да ја заокружи успешната серија со 14. пехар за четири години. Противникот е истиот, но местото на одигрување е различно.

„Ова е одлична можност за да ја завршиме сезоната со трофеј. Мотивирани сме и сакаме да му овозможиме на нашиот тренер да се повлече од работата во клубот со трофеј. Воедно сите посакуваме да го заокружиме овој циклус од четири години со уште еден трофеј и денеска ќе дададеме максимум од нашите можности за да успееме во нашата намера”, вели Иниеста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска