Трамп: Започнавме операција за деминирање во Ормутскиот теснец. Иран: Не помина нуту еден брод

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави започнале операција за отстранување на мини во Ормутскиот теснец, наведувајќи дека тоа се прави „како услуга на земјите ширум светот“.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, американскиот претседател изјави дека бродовите за поставување мини на Иран „се исто така на дното на морето“.

Трамп дополнително тврдеше дека капацитетите на иранската војска, особено воздухопловните и поморските сили, се значително ослабени и дека нивните ракети и беспилотни летала се „во голема мера уништени“.

„Единственото нешто што им остана е заканата дека брод може да удри во една од нивните морски мини, иако сите 28 нивни бродови за поставување мини се исто така на дното на морето. Сега го започнуваме процесот на чистење на Ормутскиот теснец како услуга на земјите ширум светот, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Германија и многу други. Неверојатно е што немаат храброст или волја сами да ја завршат оваа работа“, рече Трамп.

Трамп ги повтори претходните тврдења дека празни танкери „од многу земји“ сега доаѓаат во Соединетите Држави за нафта.

Од друга страна, Американската централна команда (CENTCOM) објави дека започнала активности што создаваат услови за расчистување на мини во Ормутскиот теснец.

„Денес го започнавме процесот на воспоставување нов премин и наскоро ќе го споделиме тој безбеден пат со поморската индустрија за да го поттикнеме слободниот проток на трговија“, рече адмиралот Бред Купер, командант на CENTCOM.

Во соопштението се вели дека американските разорувачи USS Frank E. Petersen и USS Michael Murphy поминале низ Ормутскиот теснец во Персискиот Залив, означувајќи го почетокот на мисијата за отстранување на морските мини за кои се тврди дека ги поставила ИРГК.

Целта на операцијата, како што е наведено, е повторно да се воспостави безбеден премин низ еден од најважните енергетски патишта во светот, кој, според американските тврдења, бил блокиран повеќе од шест недели, што довело до пораст на цените на нафтата и прекини во глобалното снабдување.

Сепак, иранската страна тврди дека во моментов нема поморски сообраќај во Ормутскиот теснец. Според ирански извори, дури ни американскиот разорувач не добил дозвола за поминување.

Ирански воен претставник изјави дека Иран „останува решен да не дозволи поминување на ниту еден брод без дозвола“ и дека за секој транзит ќе биде потребна претходна дозвола од Техеран.

Би можело да ве интересира

Американски генерал го предупредил Пентагон дека САД немаат доволно сили да го бранат Израел

Танкер погоден во Ормутскиот теснец

„Америка веќе подготвува нови воени напади врз Иран овој викенд, а целта е иранскиот подземен комплекс“

Катерина Ѓуровски

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ