Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Од:

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречиле влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која, како што информираат од Агенцијата, требало да транзитира низ нашата држава.

Пратката, како што информираат од АХВ, е вратена во согласност со донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари, која е присутна во соседна Албанија.

– Со оваа одлука АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици – се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ нагласуваат дека пратката е откриена во рамките на засилените контроли на граничните премини, како и дека АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство.

Би можело да ве интересира

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он