„Волстрит џурнал“: Прoпаднаа пеговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран

Од:

Обидите на земјите од Блискиот Исток да посредуваат во прекин на огнот меѓу САД и Иран досега не успеаја, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според весникот, сегашниот круг иницијативи, во кој Пакистан игра клучна улога, е во ќорсокак. Медијаторите истакнуваат дека Иран официјално ги информирал своите партнери дека нема намера да учествува во разговорите со американските претставници во Исламабад во наредните денови, оценувајќи дека барањата на САД се неприфатливи.

Во исто време, дипломатски извори укажуваат дека Турција и Египет продолжуваат со напорите за наоѓање нов формат за разговорите и алтернативна локација за состанокот, меѓу кои се споменуваат Доха и Истанбул.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во среда дека Иран побарал прекин на огнот од САД, додавајќи дека Вашингтон ќе го разгледа тоа само ако се укине блокадата на Ормутскиот теснец.

Иранското Министерство за надворешни работи подоцна ја негираше изјавата на Трамп, додека министерот за надворешни работи Абас Арагчи рече дека прашањето за функционирањето на Ормутскиот теснец може да се реши само преку договор меѓу Иран и Оман.

Би можело да ве интересира

Заканувачка порака до Меланија и Барон Трамп во видео што се поврзува со ирански медиум

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Раководството на САД е поделено околу продолжувањето на воените операции во Иран

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел