Туск: Заканата на Трамп за напуштање на НАТО е „план од соништата“ на Путин

Од:

Откако Доналд Трамп ја повтори својата закана за повлекување на САД од НАТО, полскиот премиер Доналд Туск рече дека ситуацијата директно му оди во прилог на Владимир Путин.

Туск, поранешен претседател на Европскиот совет, напиша на социјалните мрежи дека „сето ова изгледа како план од соништата на Путин“, бидејќи Европа се соочува со голема енергетска криза поради затворањето на Ормутскиот теснец, објави Скај њуз.

„Заканата од распаѓање на НАТО, ублажувањето на санкциите врз Русија, масовна енергетска криза во Европа, прекинот на помошта за Украина и блокирањето на заемот за Киев од страна на Орбан“, Туск ги наведе факторите што, според него, се во корист на Путин.

Иако Туск не ги именуваше директно САД во објавата, неговите коментари се однесуваат на заканите на Трамп да ја напушти алијансата откако сојузниците не ја поддржаа неговата војна против Иран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски

Трамп: Сето ова е огромна измама