Голем скок на цената на гасот во Европа, раст и на нафтата

Од:

Цените на гасот на европските пазари нагло пораснаа по нападот врз катарската индустриска зона Рас Лафан, јавува Би-Би-Си.

Во раното тргување, цените на големо во Велика Британија и Европа скокнаа за повеќе од 25%, пред делумно да се стабилизираат. Иако сè уште се под највисоките нивоа забележани претходно овој месец, моменталните цени се повеќе од двојно повисоки во споредба со периодот пред почетокот на конфликтот.

Нов бран на поскапување е забележан утрово, кога цените на гасот пораснаа за повеќе од 20% по новите напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, вклучително и главната катарска гасна постројка.

Во меѓувреме, цената на нафтата се зголеми за околу 5% и се движи околу 113 долари за барел. Катарската државна енергетска компанија соопшти дека две серии ирански напади предизвикале „обемна штета“ на главниот гасен центар во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

ВИДЕО: Од мала планинска милиција до моќна воена сила – подемот на Хутите

Катерина Ѓуровски

Америка извршила воено злосторство со нападот врз училиште во Иран, тврди ОН

ВИДЕО: Саудиска Арабија ја прекинува испораката на нафта за Европа

Катерина Ѓуровски

Нафтата и природниот гас повторно со повисоки цени, Брент веќе е над 107 долари за барел