ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

Од:

Во текот на ноќта и утрото, беа пријавени нови ирански напади врз земјите од Персискиот Залив, при што неколку земји пријавија пресретнување на ракети и беспилотни летала. Кувајт и Катар ја активираа воздушната одбрана, сирените се огласија во Бахреин, а Саудиска Арабија собори беспилотно летало. Исто така, имаше извештаи за експлозии во Дубаи и Багдад.

Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана била активна кратко пред полноќ по Гринич, пресретнувајќи ракети и беспилотни летала. Приближно во исто време, властите во Бахреин ги вклучија сирените и ги повикаа жителите да побараат засолниште.

И Министерството за одбрана на Катар потврди дека пресретнало ракетен напад насочен кон нејзина територија рано наутро во среда.

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија објави на социјалната мрежа X дека нејзините сили собориле беспилотно летало кое го таргетирало дипломатскиот кварт.

Утрово има и извештаи за експлозии во Дубаи и во главниот град на Ирак, Багдад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

ВИДЕО: Иран им се закани на САД