ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Од:

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа претседателот на Градската организација, членовите на Пратеничката група, како и претседателите и секретарите на општинските организации.

На седницата беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување на Движење ЗНАМ за Наша Македонија за 2026 година, стратешки документ кој го означува следниот чекор во политичкото и организациското јакнење на движењето.

Акцискиот план предвидува отпочнување на низа конкретни активности насочени кон изградба на силна и модерна политичка организација, меѓу кои:
• формирање на Клуб на млади и Клуб на жени
• воспоставување на Внатрепартиска академија – Институт за едукација
• избор на регионални координатори и нивни заменици
• формирање на работни тела и комисии за креирање политики
• регионални средби и посета на сите 53 општински организации
• избори и формирање на нови општински организации
• организирање трибини и панел-дискусии низ целата држава
• како и избор на меѓународен секретар.

Централниот одбор донесе и одлука во текот на второто тромесечие од годината, во пресрет на две години од формирањето на Владата, Движењето ЗНАМ да започне широка политичка и теренска кампања низ целата држава, под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Преку јавни трибини, средби со граѓани, посети на општини и работилници, функционерите на ЗНАМ ќе ги презентираат конкретните резултати, реформи и политики реализирани во рамки на две годишното делување во Владата, испраќајќи порака дека политиката се мери со дела, резултати и одговорност пред граѓаните.

Движењето останува доследно на својата мисија да изгради силна, правна и стабилна Македонија, во која институциите работат во интерес на граѓаните, а државата со достоинство и јасен национален интерес чекори кон својата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите и државотворната визија на ЗНАМ

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство