Цената на нафтата надмина 100 долари: Новиот лидер на Иран нареди целосна блокада на Ормутскиот теснец

Од:

Цените на нафтата повторно пораснаа попладнево, за 10 проценти на повеќе од 100 долари за барел, откако новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави дека Ормутскиот теснец, клучен за транспорт на енергија од Персискиот Залив, мора да остане блокиран како „средство за притисок врз непријателот“.

Хамнеи, исто така, на иранската државна телевизија изјави дека сите американски воени бази на Блискиот Исток треба веднаш да бидат затворени, предупредувајќи дека базите ќе бидат нападнати доколку останат активни, објави CNBC.

„Иран нема да се откаже од одмаздата за крвта на своите маченици“, рече тој, повикувајќи на единство меѓу иранскиот народ.

Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, изјави претходно денес дека американската морнарица сè уште не е подготвена да дозволи транзит на танкери за нафта низ клучниот Ормутски теснец.

„Тоа ќе се случи релативно наскоро, но сега не е можно. Едноставно не сме подготвени. Сите наши воени ресурси во моментов се фокусирани на уништување на офанзивните капацитети на Иран и индустријата што ги снабдува“, рече Рајт.

Прекинот на сообраќајот низ Ормутскиот теснец предизвика најголеми прекини во снабдувањето со нафта во историјата.

Танкерите остануваат во пристаништата бидејќи превозниците се плашат од ирански напади, што дополнително ја загрозува стабилноста на снабдувањето.

Иран вчера соопшти дека цената на нафтата би можела да достигне 200 долари за барел, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Сикорски: Иран не претставуваше директна закана за Европа или САД

Кац: Го предупредив Либан дека Израел ќе го разоружа Хезболах ако Бејрут не го стори тоа

Пезешкијан: Неприфатливи се нападите од американските воени бази во регионот

Горан Наумовски

Нетанјаху: Врвни ирански нуклеарни научници убиени во израелски напади

Горан Наумовски

ИДФ го нападна нуклеарниот комплекс Телеган кај Техеран

Багеи: Европската Унија соучествува во нападите на САД и Израел врз Иран